Kia e-Niro помина низ седум земји за девет дена
Неодамна јужнокорејскиот производител на автомобили Kia, на делегатите на 24-тата конференција на ОН претстави извештај за важноста на транзицијата кон транспорт, кој може да го намали влијанието врз животната средина.
Извештајот беше изготвен врз основа на 3741-километри патување на целосно електричниот кросовер e-Niro. Автомобилот патуваше од португалската престолнина Лисабон до полскиот град Катовице, со што ги покажа сите предности на транспортот со нула штетни емисии.
Kia e-Niro беше на пат девет дена, а помина седум земји и 14 градови: Мадрид, Виторија-Гастеиц, Сан Себастијан, Бордо, Тур, Париз, Брисел, Нимеген, Есен, Дортмунд, Берлин, Дрезден, Вроцлав и Катовице. Автомобилот замина од Лисабон на 3-ти декември и пристигна во Катовице на 11-ти декември. За време на престојот во градовите екипата на Kia се сретна со политичари, за да ја демонстрира електричната мобилност и да привлече внимание кон проблемот со штетните гасови во атмосферата.
Патувањето беше организирано од португалската организација Get2C, која се занимава со проблемите на климатските промени, енергетските и јаглеродните пазари. Kia Motors и Лисабонскиот градски совет исто така се приклучија на проектот. Иницијативата има за цел да ја подигне свеста за потенцијалот на електричната мобилност и можното намалување на емисиите на CO2.
Емисијата на СО2 за време на патувањето може да се следи во реално време. Според добиените податоци, индиректните емисии на електричниот автомобил (поврзани со производството на електрична енергија) се 154 килограми, што е за 74% помалку во споредба со емисиите што се емитираат од автомобил со мотор со внатрешно согорување.
Просечната потрошувачка на електрична енергија на автомобилот беше 17 kW / 100 km, а просечната брзина – 71 km/h. При целото патување возилото се полнело вкупно 54,5 часа – 15 часа во текот на денот и 39,5 часа во текот на ноќта.