Peugeot со две награди на Меѓународен фестивал за автомобили
На овогодинешниот 34-ти Меѓународен фестивал за автомобили, кој се одржа на 29 јануари 2019 година во хотелот Des Invalides во Париз, Peugeot се скраси со две награди
На Жан-Филип Импарато како извршен директор на брендот Peugeot и Жил Видал како директор за дизајн им беа врачени наградите: Grand Prix за најубав автомобил за 2018 година за новиот Peugeot 508 и Grand Prix за најубав концепт автомобил на годината за Peugeot e-LEGEND Concept.
Лимузината која беше нарачана во повеќе од 10.000 примероци во Европа уште од самото лансирање во октомври 2018 година и тоа пред јавното претставување во март 2018 година во Женева ја доби наградата со повеќе од 34% од гласовите.
Наградата за „Најубав концепт на автмобил за 2018 година“ членовите на жирито му ја доделија на Peugeot e-LEGEND Concept, автомобил кој всушност ја претставува возбудливата визија за иднината на 100% автономен, електричен, поврзан и прилагодлив автомобил.
Секоја година Меѓународниот фестивал за автомобили ги наградува најатрактивните дизајни на автомобили. Жирито кое е составено од експерти од сектори за автомобилизам, мода, култура и дизајн оваа година беше предводено од архитектот Жан-Мишел Вилмот и модниот дизајнер Шантал Томас.