Abarth со специјални изданија прославува 70 години
Abarth оваа година ја прославува 70 годишнината од своето постоење, па со цел да го одбележи овој јубилеј, италјанскиот производител создаде специјална едиција на моделите 595, 124 Spider и 124 GT
Овие модели од Abarth ги покажаа на отворањето на релито Monte Carlo. Целата гама на моделот 595, вклучувајќи ги и основниот модел, Turismo, Competizione и Pista ќе биде обележана со беџ кој го истакнува постоењето од 70 години.
Competizione и Pista моделите, исто така ќе добијат и подобрување на опремата, односно во нив ќе биде сместен новиот седум инчен дисплеј со новиот оперативен систем Abarth Telemetry, а како дополнување ќе го имаат и Record Monza издувот и суспензијата на Koni.
Секој модел на 124 гамата (Spider или GT) исто така ќе добие значка со обележја за 70 години постоење, а ќе ги имаат и подобрувањата како кај 595, односно во нив ќе биде вграден Record Monza издувнот систем. Дополнително на тоа, овие модели ќе ја добијат можноста на избор помеѓу две нови бои именувани како Turini 1975 White и Costa Brava 1972 Red, со кои компанијата сака да го прослави успехот кој го имаа во трките во минатото.
Abarth 124 GT за овој јубилеј добива и цврст карбонски покрив, 17 инчни OZ Ultra-Light алуминиумски тркала, темни метални капаци на ретровизорите, како и предна решетка во истата боја. Мат црн капак на моторот, карбонски обвивки на ретровизорите и карбонски сплитер се достапни како дополнителна опција.