Уште еден профитабилен квартал за Tesla
80 проценти од продажбата на електрични автомобили во САД и припаѓаат на Tesla
Според извештаите последниот квартал од 2018 година Tesla ја заврши со профит од 139,5 милиони долари. Најголем придонес за ова има продажбата на Model 3, со продадени околу 140.000 единици што претставува 80 проценти од продажбата на електрични возила во САД за 2018 година.
На прашањето, што може да се очекува од Tesla во 2019, Маск одговори дека дури и во случај на глобална рецесија, испораката на автомобилите ќе биде за 50 проценти повисока од остварената во минатата година и дека се подготвени да го покажат ова лето новиот пикап, камион, кој ќе биде нешто уникатно и несекојдневно.
Оваа година Tesla ќе се фокусира на неколку клучни моменти како зголемување на приходите, подобрување на своите услужни дејности, овозможување на Model 3 за клиентите во Европа и Кина и почеток на производство на Model Y.