fbpx

Како би изгледало новото Clio RS

Со усвоените стилски дизајни од поголемиот брат, изгледот на престојната RS верзија е прилично лесно да се замисли

Минатата недела францускиот автомобилски производител Renault ни ја претстави новата и петта генерација на својот предводник во Б сегментот. Новото Clio се базира на преработена верзија на платформата на својот претходник, со целосно нов надворешен и внатрешен дизајн. На почеток, овој модел ќе биде достапен со прилично широк асортиман на бензински и дизел мотори.

Clio RS

Кога станува збор за спортската изведба на новото Clio, од Renault сеуште не ни го откриваат неговиот изглед, но со оглед на фактот дека стилските линии се усвоени од Megane, можеме лесно да го претпоставиме неговиот изглед. Спортскиот изглед е надополнет со Megane RS-решетка, карактеристичен светлосен потпис и сет големи тркала со Y-шема.

Megane RS | Clio RS
Megane RS | Clio RS

    Доколку сето ова се склопи, добиваме Clio RS во црвена изведба, со помалку црни акценти по надворешноста, атлетски изглед на задниот дел со ист дизајн на задниот браник, дифузер и издувни цевки како на Megane RS, но во помала верзија.

    Според досегашните извештаи, погонските агрегати кај Clio RS би можеле да бидат надополнети и со 1.8 литарскиот турбо мотор кој го корсти неговиот поголем брат, но со помала моќност.

     

    Поврзани вести

    Back to top button