Започнаа тестирањата на електричниот iNext
По премиерата на шоуто во Лос Анџелес изминатата година, BMW започна со тестирање во зимски услови на предпроизводната верзија на електричниот SUV
Новиот електричен SUV на германскиот производител BMW ни беше претставен како концептен модел под името Vision iNext на саемот за автомобили во Лос Анџелес. Неговото производство е најавено за 2021 година, а BMW веќе ги започна примарните тестови на предпроизводствената верзија.
На снежните патеки во Шведска, BMW ги започна првите тестирања на новиот SUV во зимски услови. Главна цел е да се испитаат границите на погонскиот систем, каросериските и компонентите на суспензијата, но и да се открие влијанието на ладното време врз ефикасноста на електричниот мотор и карактеристиките на полнење на батеријата.
И покрај маскираниот изглед може да се забележат значителни промени во дизајнот помеѓу овој и концептниот модел. Вакви промени имаат претрпено задните врати на возилото и предната решетка, која сега е во помали димензии. Вратен е и Б-пиларот кој отсуствуваше кај концептниот модел, како и конвенционалните ретровизори.
Деталите околу перформансите, опсегот и моќта на новиот iNext се сеуште непознати, но се чека производителот да ги открие набрзо. Она што ни е веќе познато е дека овој модел ќе биде еден од првите возила на заедничка платформа на BMW, способна да ги поддржи бензинските, дизелските, хибридните и електричните агрегати, иако iNext ќе биде достапен само во електрична изведба.
Новиот iNext ќе биде технолошки предводник на компанијата, во кој ќе се интегрирани клучните системи како автоматизирано возење, поврзување и електрификација.
Конечното име на овој SUV е сеуште непознато, но неговата производна верзија ќе почне да се гради во фабриката Динголфинг на BMW во 2021 година.