fbpx

Quattroruote ја додели наградата за Нов Автомобил на Годината

Со 12,3% од гласовите, Volvo XC40 е именуван за Нов Автомобил на Годината од читателите на нашиот партнер Quattroruote. Своите гласови, тие ги дадоа преку страната на магазинот, а на подиумот заедно со XC40 се најдоа и BMW 3 Series со 10,5% од гласовите и Suzuki Jumny како третопласиран со вкупно 10,2%.

На гала вечерта, организирана од Quattroruote наградите ги подигнаа Микеле Крисци, претседател на Volvo Italia, Роберо Оливи, директор на BMW Italia и Масимо Нали, директор на Suzuki Italia.

Ова е прв пат шведската компанија Volvo да ја освои оваа награда. Моделот XC40 успеа да се најде меѓу победниците на Quattroruote по Alfa Romeo Stelvio кој доминираше меѓу испитаниците минатата година.

Листата на модели кои се најдоа во изборот, беше доста голема. Покрај тројцата победници, други автомобили кои се најдоа на наејзе се: Audi Q3, Jeep Wrangler, Peugeot 508, Jaguar E-Pace, Mercedes A-Class, Ford Focus, Volkswagen T-Cross, Hyundai Kona, DS3 Crossback, Skoda Karoq, Kia Ceed и Seat Tarraco.

Настанот Нов Автомобил на Годината е смислен од страна на уредничката гарнитура на Quattroruote уште во 2000 година. Идеата е да се даде можност на читателите да изберат кој автомобил најмногу им се допаѓа, но и има најдобра понуда на италијанскиот пазар. Уште од самиот почеток на настанот, уредниците се обидуваат да направат листа со најпопуларните автомобили кои се презентирани во изминатите 12 месеци, но исто така се обидуваат и да ги исклучат супер автомобилите со цел наградите да не одат директно кај најскапиот или најмоќниот автомобил.

Листата на претходни добитници на оваа награда е следна:

  • Alfa Romeo 147 (2001)
  • Fiat Stilo (2002)
  • Citroën C3 (2003)
  • Fiat Panda (2004)
  • BMW Series 1 (2005)
  • Fiat Punto (2006)
  • Audi Q7 (2007)
  • Fiat 500 (2008)
  • Alfa Romeo MiTo (2009)
  • BMW X1 (2010)
  • Alfa Romeo Giulietta (2011)
  • Range Rover Evoque (2012)
  • Fiat 500 L (2013)
  • Maserati Ghibli (2014)
  • Jeep Renegade (2015)
  • Fiat 500X (2016)
  • Alfa Romeo Giulia (2017)
  • Alfa Romeo Stelvio (2018)

Поврзани вести

Back to top button