fbpx

Прв поглед на ентериерот на Škoda Kamiq

Месец пред светската премиера на целосно новиот градски SUV модел Kamiq, Škoda ја објави првата фотографија од внатрешноста на возилото, кое ќе го видиме за прв пат на меѓународниот саем во Женева во март

Од Škoda велат дека внатрешноста на Kamiq ќе понуди комбинација на ергономија и емоции со типичен за брендот внатрешен простор и функционалност, а дел од дизајнот е позајмен од она што го видовме за прв пат кај студискиот развој Vision RS.

Главен акцент тука е високото позиционирање во средишниот дел на инфо-комуникациски и мултимедијален систем, а при избор на Virtual Cockpit опцијата, возачот може да се потпре на 10.25-инчен екран. За ентериерот на Kamiq од Škoda подготвија и бројни можности за персонализација и надградба, вклучувајќи греење на шофершајбната, задните седишта и волан.

Во однос на внатрешни димензии на Kamiq, од Škoda велат дека благодарение на меѓуоскиното растојание на возилото од 2651 mm, патниците одзади ќе можат да се потпрат на слободен простор од 73 mm во областа на колената, а товарниот простор на автомобилот ќе биде со капацитет од 400 литри. По потреба и по преклопувањето на задните седишта, слободниот волумен може да биде зголемен до 1395 литри.

Поврзани вести

Back to top button