fbpx

Seat- Electric Urban Mobility Concept

Seat ја најави презентацијата на својот нов концепт за урбана мобилност на настанот Mobile World Congress кој ќе се одржи во Барселона на 25-ти февруари

Во потрага по нови решенија за урбана мобилност и по минатогодишниот електричен скутер eXS кој беше претставен на пазарот во ноември 2018 година се очекува новото возило од Seat да биде поголемо. Голема е шансата тоа да биде возило на три тркала или алтернативна верзија на Renault Twizy. Сето ова е само претпоставка бидејќи подетални информации сеуште нема.

Во соопштението кое го дадоа од компанијата за медиумите се вели: SEAT ќе го претстави своето следно возило за урбана мобилност. Следејќи го примерот на eXS од SEGWAY, SEAT презема огромен чекор кон урбана микромобилност. Seat се подготвува да учествува на Mobile World Congress, глобален настан за мобилна технологија и поврзување, веќе петта година по ред. Компанијата го финализира возилото кое ќе направи разлика во стратегијата за урбана мобилност.

Seat

Лука де Мео, претседател на компанијата, ќе го претстави концептниот автомобил развиен како платформа за мобилност за време на прес-конференцијата закажана за понеделник 25 февруари. Според Лука де Мео, „Мобилноста се менува, а нашата улога како производител и провајдер на мобилност исто така се менува. Мора да управуваме и да нудиме нови платформи за мобилност кои ќе бидат клучни играчи во градовите на иднината. Seat е вклучен во неколку проекти од овој тип, а MWC е совршена за презентација на истите во светот. “

Поврзани вести

Back to top button