Amazon и GM инвестираат во Rivian – ривал на Tesla
Amazon и General Motors преговараат со Rivian Automotive за инвестиции во проектот кој има амбиција да е ривал на Tesla. Ако преговорите завршат успешно и двата гиганти станат акционери во производителот на електрични пикапи, проценката на компанијата ќе биде помеѓу 1 и 2 милијарди долари, објави агенцијата Reuters.
Договорот ќе обезбеди удел на Amazon и GM во Rivian, а се очекува преговорите да завршат овој месец. Од GM, Amazon и Rivian одбија да дадат коментар на информациите но, сепак од General Motors додаваат дека автомобилскиот гигант Rivian е на одличен пат кон иднината со нулта ниво на штетни емисии, а тие тоа го препознаваат и сакаат да бидат дел од проектот.
Аналитичарите и индустријата го гледаат Rivian како сериозен ривал на Tesla, бидејќи новата компанија веќе покажа прототип на електричен пикап, а во подоцнежна фаза планира да претстави и електричен SUV со седум седишта.
Во август минатата година Илон Маск изјави дека електрични пикап е неговиот личен фаворит за следен модел на Tesla, а потоа прецизира дека тоа ќе се случи веднаш по промоцијата на Model Y, чие производство треба да започне во 2020 година.
Во последниве месеци во американските медиуми се врти тезата дека Tesla e на раб на пропаст но, за тоа ќе оставиме време да видиме. Продажбата на електричниот пикап Rivan R1Т треба да започне во есента 2020 година.