Женева 2019: Volkswagen со најмалку три светски премиери
Volkswagen ќе заземе силно учество на овогодинешното издание на меѓународниот саем во Женева, кој започнува на почетокот на следниот месец, каде за прв пат во светот ќе претстави најмалку три нови автомобили
Главниот акцент на штандот на Volkswagen се очекува да падне врз реновираниот Passat, кој со себе ќе го донесе и автономното движење. Покрај тоа треба да ја видиме и електричната верзија на истиот модел со оглед на тоа што компанијата веќе подолго време ја најавува.
Третата светска премиера на Volkswagen ќе биде спортската R-верзија на компактниот градски SUV T-ROC кој ќе се разликува од сериската верзија на моделот не само со помоќниот мотор, но и со специјално развиен надворешен и внатрешен пакет, како и оптимизирана суспензија.