Outlander PHEV- најпродаван модел на Mitsubishi Motors во Европа
Само една година откако забележа 100.000 продажби во јануари 2018 година, Outlander PHEV бележи нов успех, станувајќи најпродаваниот модел на Mitsubishi во Европа
Претставен во Европа кон крајот на 2013 година, Outlander PHEV постепено стана бестселер за брендот. Благодарение на направените подобрувања, како нивото на штетни емисии од само 46 g/km, обновениот модел, претставен во средината на 2018 година, успеа да ја удвои продажбата на моделот во Европа на годишна основа, достигнувајќи просек од 3,000+ автомобили на месец. Моделот привлекува корисници со повисоки приходи, како во Европа, така и во други региони во светот.
Комбинацијата од модерната технологија, можност за патување, како во градот, така и надвор од него, јапонскиот квалитет и покривање на бројни еко стандарди, го прави Outlander PHEV атрактивен за клиентите со позрел став. Во периодот меѓу октомври, 2013 година и јануари 2019 година во Европа се продадени 126,617 единици на Outlander PHEV.
Бернард Лоара – Претседател и CEO на Mitsubishi, за новиот рекорд вели: „Денес за нашите клиенти, Outlander PHEV не е само автомобил – тоа е возилото, кое им овозможува да влегуваат во оние делови на градовите во кои се дозволени само возила со нулта емисија, но исто така овозможува беспрекорно долги семејни патувања, како по пат така и по планински патишта, благодарение на 4WD системот“.
„Outlander PHEV е предводник на брендот, односно најдобро продаван производ во Европа. Модел кој ги диктира трендовите во индустријата и е индикатор за долгорочната стратегија на Mitsubishi Motors“, додава тој.