Женева 2019: Kia Xceed Compact Crossover
Првиот тизер за новиот кросовер на Kia Xceed Compact Crossover, покажува дека Kia подготвува возило конкурент на Volkswagen T-Roc
Според L’Automobile Magazine, компанијата се подготвува на престојниот саем за автомобили кој ќе се одржи следниот месец во Женева да претстави компактен кросовер кој ќе биде помал од Sportage. Имајки во предвид дека ова што го гледаме е само скица, можете да си замислите многу елегантен автомобил со неконвенционални ретровизори, големи тркала…. гледајќи наназад во моделите на компанијата, не треба да очекуваме досаден кросовер.
Што се однесува до внатрешноста се очекува овој модел да биде придвижуван од 1.0-литарски, 1.4-литарски бензински турбо мотор и 1.6-литарски дизел мотор но и хибридни погон. Гласините велат дека Kia Xceed Compact Crossover ќе има моќност од 204 коњски сили. Иако името Xceed сеуште не е потврдено, деби на ваков кросовер од Kia треба да очекуваме на 5-ти Март на Geneva Motor Show 2019.