LADA преговара за производство во Иран
Според изјавата на Виктор Кладов, директор за меѓународна соработка и регионална политика во руската државна корпорација Rostek во тек се преговори за продажба и монтажа на возилата од брендот LADA во Иран
„АвтоВАЗ ги склопува своите автомобили во Египет”, изјави тој за новинарите на саемот Аеро Индија 2019 година. „Преговорите се во тек со голем број други земји, меѓу кои е и Иран”.
Автомобилите на LADA, неодамна се најдоа на листата 50-те најпродавани брендови во светот. Најголемиот производител на автомобили во Русија и Источна Европа, АвтоВАЗ произведува речиси милион возила годишно. Компанијата има стабилен удел на пазарот и извезува автомобили во 34 земји меѓу кои Турција, Германија, Иран, Сирија, Египет и Унгарија.
За прв пат во 2018 година, LADA Vesta стана најизвезуваниот автомобил со удел од 30 проценти од продажбата, каде претходно тоа место му припаѓаше на LADA 4×4. АвтоВАЗ има намера да се прошири во Чешка, Монголија и Југоисточна Азија. Рускиот производител на автомобили неодамна почна да извезува возила во Кина и Обединетите Арапски Емирати.