fbpx

Новите воздушни перничиња на ZF ќе ја зголемат безбедноста на возилата

Германскиот производител на делови дизајнира нови воздушни перничиња кои се поставени на надворешноста на автомобилот, при што ја зголемуваат неговата безбедност

Германскиот ZF помина речиси една деценија во развој на новите воздушни перничиња, кои сега се спремни да се појават на пазарот, а беа претставени на симпозиумот  ‘Airbag 2018’ во Манхајм, Германија. Овие иновативни воздушни перничиња ја подобруваат безбедноста на модерните возила, но исто така се дизајнирани да се прилагодат и на автономите возила каде распоредот на седиштата може да се промени.

Воздушните перничиња се сместени во страничните прагови на возилото по целата должина на вратите. Сензорите поставени по надворешноста на автомобилот постојано ги следат околните случувања и доколку се утврди опасност од несреќа, воздушните перничиња се отвараат за помалку од 100 милисекунди.

Овие перничиња помагаат во распоредувањето на силата од ударот по страната на автомобилот. Тестовите спроведени од ZF докажале дека на овој начин се намалуваат ризиците од нагмечување на патничката кабина за 30 проценти, како и нивоата на повреди кај патниците се намалуваат за 20 до 30 проценти.

Системот на овој вид на воздушни перничиња се темели на доста напредна технологија. Покрај нив, компанијата разви пакет на радарски сензори, камери и LiDAR сензори кои го одредуваат моментот на отварање на воздушните перничиња. Радарите се посебно корисни за мерење на растојанието, додека пак камерите брзо можат да ги разликуваат околните објекти. Потоа, LiDAR сензорите создаваат детална тродимензионална мапа на она што се случува од страните на возилото.

 

Директорот на ZF очекува овој нов систем на надворешни перничиња да започне со вградување кај возилата во рок од две години.

Поврзани вести

Back to top button