fbpx

Renault со над 200.000 продадени електрични возила во Европа

Renault објави дека во 2018 година брендот ја забележал својата четврта година по ред како лидер во продажбата на електрични возила во Европа

Нивната заедничка реализација од 2011 година наваму ја поминала границата од 200.000 единици, а 100.000 од нив биле купени од клиенти во Франција. Од Renault велат дека речиси секој трет продаден електромобил во Европа бил од нивното портфолио, а само во 2018 година фирмата забележа раст во реализацијата од 36% и 62% во втората половина на минатата година. На својот домашен пазар, Renault има 56,8% од бизнисот со електрични возила.

Renault

Во 2018 година, Renault предвидел продажба на речиси 40.000 (39.448) претставнци на моделот ZOE, што е еквивалентно на 18.2% од вкупниот број за континентот. Во јуни минатата година Groupe Renault ги сподели плановите да инвестира 1 милијарда евра во Франција, со помош на кои ќе се открие нов производствен комплекс за електрични возила, со цел да го удвои производството на ZOE.

Поврзани вести

Back to top button