Женева 2019: Електричниот Hispano Suiza Carmen ќе дебитира со 1019 коњски сили
Неколку дена пред светската премиера на целосно новиот автомобил Carmen на меѓународниот саем во Женева, Hispano Suiza сподели нови детали за екстремниот електричен автомобил
Hispano Suiza Carmen ќе се одликува со карбонска консктруција и целосно електричен погонски систем кој ќе понуди моќност од 1019 коњски сили. Тежина од 1690 килограми на Carmen ќе понуди можност за забрзување од 0 до 100 km/h за помалку од 3 секунди, а максималната брзина на движење на возилото е 250 km/h само затоа што е електронски ограничена.
И покрај неговите екстремни перформанси, од компанијата коментираат дека главни фактори при разработката на автомобилот биле имплементацијата на луксузот и неговата применливост при секојдневна употреба.
Основната цена на Hispano Suiza Carmen, во верзија со литиум-јонска батерија со капацитет од 80 kWh, е одредена на 1,5 милиони евра, а од компанијата најавуваат дека од крајот на оваа година до 2021 ќе бидат произведени само 19 примерока од возилото.