fbpx

Ferrari конечно ја замени 488GTB со новиот модел F8 Tributo

Ferrari ја заменува 488GTB со новиот модел F8 Tributo, автомобил со V-8 мотор во средина од 710 коњски сили

Новиот автомобил има 3.9 литарски V-8 мотор со 710 коњски сили, 770Nm и достигнува максимална брзина од 339 километри на час. Не само што има повеќе моќ од својот претходник, F8 Tributo е полесен и поаеродинамичен. Ferrari тврди дека е 40 килограми полесен од 488 GTB и има 10 проценти подобрување во аеродинамичната ефикасност.

Ferrari F8 Tributo доаѓа со нова верзија на Ferrari Dynamic Enhancer, што значи поголема контрола во одредени ситуации, а и за првпат може да се активира во Race режимот. Редизајниран е и воланот, правејќи го помал во дијаметар.

F8 Tributo

Визуелно, F8 делува сличен со 488GTB. Може да забележите дека Ferrari се навраќа на дизајн што е добро познат од раните 80ти, како двојните задни светла. Ентериерот истотака потсетува на својот претходник, но сепак Ferrari тврди дека секој елемент на автомобилот е редизајниран.

Ќе дознаеме повеќе за F8 Tributo за време на Geneva Motor Show на 5ти март.

Поврзани вести

Back to top button