fbpx

Lamborghini со уште еден супер автомобил во Женева

На престојниот саем во Женева покрај Huracán Evo Spyder, италијанскиот производител ќе се претстави и со новиот Aventador SVJ Roadster

Италијанскиот производител на луксузни спортски автомобили ќе ја одржи светската премиера на својот нов Aventador SVJ Roadster следната недела на саемот за автомобили во Женева. Кратенката SVJ потекнува од „ Superveloce Jota“, која Lamborghini ја користи за своите најекстремните изведби наменети за патеката.

Новиот Aventador SVJ е во изведба со отворен покрив и доаѓа во ограничена серија. Класичните монтажни покривни панели се зацврстени со карбонски влакна, при што секој од нив тежи по 6 килограми и може да се складира во предниот дел на багажниот простор.

Моќноста на овој супер автомобил ќе произлегува од природно аспирираниот 6.5-литарски V12 мотор со титаниумски всисни вентили, кој ќе произведува 759 коњски сили и 720 Nm вртежен момент достапен на 6.750 вртежи во минута.

Овој Roadster ќе го добие истиот козметички и аеродинамички третман како и купе верзијата, вклучувајќи ја и новата верзија на системот Aerodinamica Lamborghini Attiva (ALA), со подвижни спојлери, истакнат заден дифузер, модифицирано подвозје и големо задно крило што ќе помогне да се зголеми притисната сила за дури 40 проценти.

Подобрувањата ќе продолжат и во поглед на системот за потпирање, автоматизираниот седум-степен рачен менувач, системот за контрола на стабилноста и ABS. Системот за погон на сите четири тркала е модифициран да испраќа малку поголем вртежен момент на задната оска, односно околу 3%.

Продажбата на новиот Aventador SVJ Roadster се очекува да започне подоцна оваа година, но точниот број на примероци од ограничената серија не ни е сеуште познат.

Поврзани вести

Back to top button