fbpx

Женева 2019: Премиера за електричниот проект ID.Buggy на VW

VW ја користи овогодинешната Меѓународна изложба во Женева за да го демонстрира концептот на проектот ID.Buggy што ни овозможува да се запознаеме со еден евентуален наследник на иконите за брендот

Развиен врз основа на посебната платформа MEB за електрични автомобили на VW, ID.Buggy е опремен со литиум-јонски батерии, кои се интегрирани во подот, а погонскиот мотор сместен на задните тркала, е со моќност од 204 коњски сили. При разработката на концептот, од компанијата се предвидени и уште еден електричен мотор, кој ќе биде погон за предните тркала.

Од Volkswagen коментираат дека иако развиен со главната идеја да биде двосед, ID.Buggy може да се трансформира и во 2 + 2 конфигурација. Од брендот споделија дека компанијата е отворена за идејата за евентуално производство на автомобилот од други компании.

Поврзани вести

Back to top button