Женева 2019: Audi го претстави своето петто електрично возило
Audi го претстави концептуалниот електричен кросовер под името Q4 e-tron на саемот во Женева
Сериската верзија ќе биде достапна во производството до крајот на 2020 година и ова ќе биде петтиот електричен автомобил на брендот. Кросоверот во форма на купе е изграден на платформата Volkswagen MEB. Должината е 4590 mm, широчината – 1900 mm, а растојанието меѓу двете оски – 2770 mm. Ова значи дека димензиите ќе бидат помеѓу Audi Q2 и Audi Q3. Од Audi се категорични дека Q4 e-tron нуди невиден степен на удобност во внатрешноста, комбинирана со широк простор за патниците.
Моделот се напојува со два електрични мотори – по еден на секоја оска. Вкупната моќност на агрегатите е 302 КС, а со едно полнење кросоверот поминува над 450 километри. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 6,3 секунди, а максималната брзина е 180 km/h. Батеријата има капацитет од 82 kWh и се полни до 80% за 30 минути.
Новитетот добил голема решетка на ладилникот, проширени калници, нови светлосни групи, а исто така и натпис e-tron на браникот и праговите. Дигиталната инструмент-таблата е во стилот на новиот Q3, како и големиот екран на допир кој се наоѓа централно поставен.