Новиот супер-херојски Hyundai Kona
Создаден од партнерството со Marvel, овој кросовер добива свое ново издание под името Iron Man Edition
Како резултат од партнерството со компанијата Marvel, корејскиот производител дизајнираше ново издание на својот популарен кросовер Kona. Новото издание го носи името Iron Man Edition и е наменето за американскиот пазар.
Опремен е со 1,6 литарски четири-цилиндарски турбо мотор, придружуван од седум-степен автоматски менувач. Достапен е изборот помеѓу погон на предните или сите четири тркала.
Тематското издание е во сива боја со црвени акценти, при што има стилски елементи инспирирани од марвеловиот супер-херој. Тука спаѓа уникатниот светлосен потпис, специјално обликуваната хауба, редизајнираниот преден браник, како и црвениот покрив со логото на херојот. Овој изглед е комплетиран со 18-инчните фелни со истакнати црвени детали и Iron Man референци во централните капачиња.
Ентериерот се карактеризира исто така со црвени акценти, додека во централната табла на овој кросовер е впишан потписот на Тони Старк. Пакетот исто така вклучува head-up дисплеј со посебна анимација, црвени шивови на седиштата и други детали инспирирани од Iron Man.