fbpx

Женева 2019: Bentley со два нови модели

Уникатниот Continental GT и 626 коњскиот SUV претставуваат двата нови модели кои британскиот производител ги претстави во Женева по повод својата 100-годишнина

Британскиот производител на луксузни автомобили го искористи тековниот саем за да ги претстави новитети во својата гама со кои прослави 100 години од своето постоење. Се работи за две нови автомобили, поточно SUV моделот Bentayga Speed кој е сега уште помоќен и специјалното издание на Continental GT Number 9.

Моделот Bentayga претставува првиот SUV на Bentley. Изведбата по името Speed е погонувана од 6,0 литарски W12 мотор со два турбо полначи, кој овозможува моќност од 626 КС, со што го прави Speed помоќен за 26 КС од стандардниот Bentayga. Сепак, вртежниот момент останува непроменет и изнесува 900 Nm, кои овој SUV му овозможуваат забрзување до 100 за 3,9 секунди.

Како дел од модификациите кај помоќната изведба на Bentayga спаѓа и издувниот систем, ревизираниот спортски работен режим, динамичкиот возен систем и оптимизираниот систем за потпирање кој обезбедува поголема контрола и агилност. Естетските промени вклучуваат нови 22-инчни фелни, зголемено присуство на алкантара во внатрешноста, како и други детали застапени по целото возило.

Bentley Bentayga
1 |Bentley
2 |
3 |
4 |

    Како втор новитет е Continental GT Number 9 Edition, кој доаѓа во ограничена серија од само 100 примероци, симболично на 100-те години постоење на брендот. Специјалното издание ќе биде рачно изработено од Mulliner, со спецификација инспирирана од наследството на брендот во мотоспорт и детал на бројот 9 во чест на историскиот Bentley Blower.

    Надворешноста на новата верзија на Continental GT може да доаѓа во Viridian Green или Beluga боја, комплет од 21-инчни фелни со дизајн од 10 краци и детали изработени од јаглеродни влакна, како завршетоците на задниот дифузер, спојлерот и праговите. Карактеристична за изгледот на овој модел е црната предна решетка на која е испишан бројот 9 со бела контрастна боја.

    Continental GT Number 9 Edition
    1 |
    2 |
    3 |Bentley
    4 |

       

      Внатрешноста исто така доаѓа со избор помеѓу Cumbrian Green или Beluga, кои содржат зголемени нивоа на сјај на седиштата и внатрешните панели на вратите. Во централната конзола е употребен специјален вид на алуминиум, кој го бележи популарниот финиш кај тркачките автомобили во 1920-тите и 1930-тите години.

      Погонскиот агрегат кај новата специјална изведба останува ист со останатите Continental GT модели, што всушност значи 6,0 литарски W12 мотор со два турбо полначи, кој обезбедува моќност од 626 КС и вртежен момент од 900 Nm. Новиот GT до 100 забрзува за 3,6 секунди, а достигнува максимална брзина од 333 километри на час.

      Поврзани вести

      Back to top button