Dyson вложува 1,3 милијарди долари во електромобил
Познатиот британски производител на правосмукалки и вентилатори Dyson има намера да инвестира во сопствен електричен автомобил
Сензационална вест на познатиот британски производител на правосмукалки и вентилатори Dyson, кој најави дека има намера да инвестира една милијарда фунти (околу 1,3 милијарди долари) во создавање на сопствен електричен автомобил.
Електромобилот би бил лансиран на пазарот до почетокот на 2021 година. Уште толку средства компанијата ќе вложи во создавањето на погон за батерии, кои главно ќе се наменети за електромобилот на Dyson. Потребните средства за новите инвестиции Dyson планира да ги добие од намалувањето на трошоците за истражување и развој на вентилатори и правосмукалки. На овој начин компанијата ќе се приклучи на Tesla, VW, Daimler, Toyota, BMW и останатите автомобилски производители кои промовираат електромобили и истовремено со тоа се натпреваруваат за лидерската позиција во овој брзо растечки сегмент.
Идниот ел-мобил на Dyson ќе работи со поцврсти батерии во однос на литиум-јонските, кои се користат масовно во моментов. Овие акумулатори се очекува да бидат компактни, поефикасни и што е најважно, ќе овозможат значително да се забрза времето за полнење. Сега такви батерии се развиваат од Samsung и Hyundai.