Женева 2019: Italdesign концепт посветен на Леонардо да Винчи
Посветен на ренесанскиот уметник, концептот DaVinci на Italdesign претставува целосно електричен автомобил погонуван од два електро мотори, кој со мали измени може да го прими и моќниот V8
Италијанската компанија го искористи овогодинешниот саем како прилика да го претстави својот нов концепт со целосно електричен погон, кој е посветен на ренесанскиот уметник Леонардо да Винчи.
Наречен DaVinci концепт, автомобилот е дизајниран како гранд турисмо со чист електричен погон, кој нуди опција за сместување на два електрични мотори, по еден на секоја оска, а батериите се поставуваат на подот. Сепак, со само неколку модификации, овој модел на Italdesign може да прими и конвенционален мотор со погон на сите четири тркала. Ваквата верзија е развиена за 4,0 литарска V8 единица, која не бара никави промени во дизајнот на автомобилот.
Надворешнот изглед се карактеризира со високо ниво на елеганција, кое е комплетирано со спортската покривна линија, активниот спојлер и OLED задните фарови кои формираат хексагонална рамка. Спорткиот изглед на задниот дел е исто така надополнет со дифузерот со агресивен дизајн. Дополнително, DaVinci е опремен со нов сет гуми на Pirelli, специјално проектирани за електрични и plug-in хибридни возила, кој имаат за цел да го намалат отпорот на тркалање и бучавата.
Дизајнот на екстериерот одлично се надоврзува со ентериерот, кој е футуристички настроен. Само во предниот дел може да се забележи присуството на три екрани, од кои еден е поставен пред совозачкото седиште, друг во централната конзола, а пак последниот претставува дигитален инструмент панел поставен пред возачот. Во централниот дел на централната табла, под отворите за воздух во самиот тапацир се интегрирани контролите на клима уредот.
Производителот изјави дека засега DaVinci претставува само концептен модел, кој со доволно интерес би можел да добие и своја прозиводна верзија.