fbpx

Touareg е последниот Volkswagen со V8 дизел мотор

Германскиот производител изјави дека неговиот 420 коњски дизел ќе стане класичен колекционерски автомобил

На овогодинешниот саем за автомобили во Женева, Volkswagen ни го претстави својот најмоќен модел до сега, новиот Touareg V8 TDI. Со 4,0 литарска турбо дизел единица и моќност од 416 КС и 900Nm, овој SUV до 100 забрзува за 4,9 секунди.

Сепак, Јурген Стакман, шев на одделот за маркетинг на Volkswagen на саемот изјави дека ова најверојатно ќе биде последниот V8 дизел автомобил кој ќе имаме прилика да го видиме од овој производител.

Touareg

„Имавме долга дебата и веруваме дека Touareg е главен автомобил. Сметаме дека тој може да се справи со секој конкурент од целиот свет. Овој пресврт во V8 сегментот претставува посебна чест и верувам дека ќе биде колекционерски автомобил уште од првиот ден “, изјави  Јурген Стакман, шев на одделот за маркетинг на Volkswagen. „Запознав многу сопственици на Touareg V10 TDI, а оние кои поседуваат еден, верувам дека никогаш нема да го продадат. Истата идеја е и со V8. Тој е за оние клиенти кои сакаат нешто посебно и тие ќе го добијат“, надополни тој.

Поврзани вести

Back to top button