Групацијата VW со 22 милиони електрични автомобили до 2028 година
Неодамна компанијата произлезе со прилично амбициозен план за лансирање на 50 нови електрични модели до 2028 година, кој сега стана уште поамбициозен со најавата за испорачување на 22 милиони електрични автомобили до истата година
На годишната пресконференција на Volkswagen AG, компанијата објави дека на пазарот ќе донесе речиси 70 нови електрични модели во следните десет години. Како резултат на тоа, проектираниот број возила што ќе се произведат на електричните платформи на VW групата ќе се зголеми од 15 на 22 милиони единици.
Компанијата ќе инвестира повеќе од 30 милијарди евра до 2023 година за електрифицирање на портфолиото на возила. До 2030 година се очекува електричните возила да сочинуваат најмалку 40 проценти од флотата на брендот.
Првиот дел од новата генерација на електрични возила влегува во производство оваа година, а тука спаѓаат Audi e-tron и Porsche Taycan. По нив ќе следат Volkswagen ID хечбек, Volkswagen ID Crozz, Seat el-born, Skoda Vision E, VW ID Buzz и VW ID Vizzion.
За оваа масовна електрична офанзива, VW групацијата се потпира на LG Chem, SKI, CATL и Samsung, како стратегиски добавувачи на батериски ќелии. Тие исто така се во потрага по можно учество во батериското производство во Европа.
„Volkswagen се обидува да обезбеди индивидуална мобилност за милиони луѓе во наредните години, индивидуалната мобилност која е побезбедна, почиста и целосно поврзана. Со цел да ги вложиме потребните инвестиции за електричната офанзива, мораме да направиме понатамошни подобрувања во ефикасноста и перформансите во сите области”, изјави извршниот директор на Volkswagen AG, д-р Херберт Диес.
Ова преставува низа предизвици за брендот, кој на патот кон декарбонизација до 2050 година, ќе донесе три нови принципи: ефективно и одржливо намалување на CO2, префрлување на обновливи извори на енергија за напојување и компензација за преостанатите емисии кои не можат да се избегнат.
За 2025 година, целта е да се намали стапката на CO2 на возниот парк за 30 проценти во текот на животниот циклус, во споредба со 2015 година. Во исто време, целта е да се намалат емисиите на CO2 од сите погони за 50 проценти до 2025 година во споредба со 2010 година.