fbpx

Ford Transit Custom Sport со 185 коњски сили

Ford најави дека кон средината на оваа година ќе лансира на пазарот нова верзија на Transit Custom Sport, која ќе биде опремена со подобрена верзија на дволитарскиот EcoBlue дизел мотор

Со максимална моќност од 185 коњски сили, тоа ќе биде и најмоќната верзија на ваков тиб на автомобил некогаш. Од Ford исто така соопштуваат дека, освен на зголемувањето од 9% во максималната моќност и максимален вртежен момент од 415 Nm, идните сопственици на новата дизел верзија на Transit Custom Sport ќе можат да се потпрат и на дополнителни системи за поврзување, благодарение на интеграцијата од системот FordPass Connect.

Клиентите можат да изберат меѓу шест-брзински мануелен или исто така шест-брзински SelectShift автоматски менувач, а во стандардната опрема на автомобилот се вклучени, избор меѓу 17- и 18-инчни алуминиумски тркала, тематски внатрешни апликации, специфични надолжни бели ленти и многу повеќе.

Transit Custom Sport

Во опремата на автомобилот можат да бидат откриени и голем број на системи за зголемување на безбедноста, вклучувајќи активен паркинг асистент, адаптивен темпомат, интелигентен систем за ограничување на брзина, систем за следење на лентите и други.

Во текот на изминатата година, Ford забележа раст во побарувачката на Transit Custom Sport од 58% до ниво од 4402 единици, а вкупната реализација на Комерцијалната поделба на брендот бележи рекордно високо ниво за последните 25 години.

Поврзани вести

Back to top button