fbpx

Mazda, Denso и Toyota ќе развиват електрични автомобили

Mazda, Denso Corporation и Toyota Motor Corporation објавија дека се согласиле да создадат нова заедничка фирма, чија главна задача ќе биде развој на различни технолошки решенија за идните електромобили на брендовите

Mazda, Denso и Toyota велат дека новата компанија ќе работи со избрани вработени од трите компании. Се очекува да се обезбеди голема ефикасност и брзи резултати. Новата компанија ќе биде ангажирана во развојот на технологии кои ќе бидат имплементирани во идните електрични возила. Од мини до спортски автомобили и лесни комерцијални остварувања.
Mazda, Denso и Toyota
Во новата компанија инвестиција од 90% има Toyota. Mazda и Denso имаат стартно учество по 5% од акциите. Но компанијата е отворена за соработка и со другите производители на автомобили.

Поврзани вести

Back to top button