fbpx

Rimac C_Two е подготвен за транспорт

Хрватската марка Rimac го доработи концептниот електричен автомобил C_Two за почеток на сериското производство

На автосалонот во Женева, Хрватите ја дотераа машината во „Арктичко бела“ боја и темно сини карбонски елементи на каросеријата. Премиерата на концептниот модел се одржа точно пред една година во Женева, а оваа година со доработката, речиси беше подготвен за сериско производство. Производителот сака да докаже дека се оди според планот. И сериското производство и испорака на машините кон првите купувачи треба да се случи во следната година.

C_Two

C_Two електричниот супер автомобил има моќна единица од 1914 „коњски сили“. За тоа се вклучени четири електромотори, секој одговорен за работата на едно тркало и акумулатор со капацитет 120 киловатчасови. Максималниот вртежен момент достигнува 2300 Nm, а автономијата на автомобилот со едно полнење на акумулаторите е измерена по европскиот циклус WLTP и состигнува 550 километри.

Од место до 100 km/h моделот забрзува подобро од болид од Formula 1 – за помалку од две секунди, а до 300 km/h за 11,8 секунди. Максималната брзина е 412 km/h. Инженерите на Rimac планираат, благодарение на новите напори за развој, за понатамошно подобрување на техничките перформанси на машината.

Поврзани вести

Back to top button