fbpx

Возевме: BMW X5 Driving Experience

На патиштата во Австрија, екипата на Авто Плус имаше прилика подобро да се запознае со четвртата генерација на баварскиот SUV, новиот X5

Четвртата генерација на овој популарен германски SUV за прв пат беше претставен измината година во Јужна Каролина, а нешто подоцна пристигна и во салонот во Скопје. Новиот X5 импресионира со изобилство иноваци, зрачи со моќен и доминантен X дизајн, екслузивна внатрешност, нагласена спортска активност, како и многубројни карактеристики што ги нагласуваат X комфоротот и удобноста.

Овој модел е целосно редизајниран, со ревитализиран надворешен изглед, при што сега е уште помоќен, подинамичен, технолошки понапреден, но и поудобен од сите своите предходници. Баварскиот SUV е изграден на CLAR платформата, која се користи кај Серијата 7, како и за иднината X7. Ова му овозможува на автомобилот да се потпира на пружини со адаптивни амортизери, пропратени со активни стабилизатори и задна торзиона оска.

Понуден е во четири агрегатски конфигурации, каде се вбројуваат xDrive40i (замена за 35i), xDrive50i, xDrive30d и M50d. Доколку новиот X5 го одберете во 40i изведба, тогаш на располагање ќе добиете моќност од 340 КС и вртежен момент од 449 Nm, а преработениот V8 мотор со 462 КС и 650 Nm е дел од 50i. Доколку се одлучите за дизел изведба, 30d располага со 265 КС и 620 Nm, а 50d на новиот X5 му овозможува излезна моќност од 400 КС и 760 Nm. Што се однесува до преносот, сите погонски единици кај новиот X5 се придружени од осум-степен автоматски менувач.

Како дел од медиумската презентација на новиот X5, со цел подобро да нѐ запознае со својот SUV, BMW организираше кратко дружење по патиштата во Австрија. Под називот „Driving Experience“, дружбата со овој SUV се состоеше од дводневен настан, каде имавме прилика да го возиме X5 во разни патни и теренски услови, како снег, мраз и off road.

Поврзани вести

Back to top button