Топ 10 најпродавани автомобили во Европа во февруари
Агенцијата Focus2Move објави уште еден месечен извештај и според податоците, во февруари челната тројка е оформена од Volkswagen Golf, Renault Clio и Volkswagen Polo
Врз основа на податоци од 44 пазари, од Focus2Move соопштија дека со 73.225 продажби (или 17% помалку од лани во истиот период) во февруари, VW Golf бележи втор месец по ред на лидерската позиција во ранг на европскиот пазар.
Renault Clio ја зазема втората позиција со 50.632 реализирани единици (-3.7%), а VW Polo има 48.626 нови продажба и раст од 9,1%. Со минимална разлика во продажбата, во ТОП 10 за февруари 2019 на европскиот пазар влегуваат исто така VW Tiguan (39.098, -3.2%), Škoda Octavia (38.878, -7.9%), Citroen C3 (38.071, – 3.6%) и Peugeot 208 (38.036, -7.5%).
Последните три позиции во ТОП 10 на Европа за февруари се за Ford Focus (36.624, + 6.1%), Toyota Yaris (36.387, + 2.4%) и Nissan Qashqai (36.214, -13.3%).