fbpx

Bentley се враќа во Pikes Peak и ќе брка нов рекорд

Минатата година тимот на Bentley постави нов рекорд за SUV автомобил на патеката на легендарната ридска трка Pikes Peak во САД

Од легендарната марка соопштуваат дека иницијативата ќе биде дуплирана оваа година, а како крајна цел е поставување на нов рекорд за сериски модели со Continental GT и неговото 12-цилиндрично срце. Bentley Continental GT располага со обновен 6.0 литарски агрегат, со W-облик, 12-цилиндричен кој генерира максимална моќност од 626 коњски сили и максимален вртежен момент од 900 Nm.

Bentley

Со негова помош во комбинација со роботизиран осумстепен менувач, возилото е во состојба да се забрза од 0 до 100 km/h за 3,7 секунди и да развие максимална брзина на движење од 333 km/h. Зад воланот на автомобилот повторно ќе седне Рис Милoн, кој е еден од најискусните и успешни натпреварувачи на патеката Pikes Peak.

Поврзани вести

Back to top button