fbpx

Renault со нов електричен компактен автомобил

По успехот со електричниот супермини Zoe, францускиот производител реши да го освои и Ц-сегментот, со својот престоен електричен модел

Францускиот производител Renault е дел од пазарот на електрични возила веќе неколку години, при што моделот Zoe претставува најуспешниот модел. Нивниот асортиман ќе му посака добредојде на новиот електричен автомобил од Ц-сегментот, кој ќе претставува конкурент на престојниот Volkswagen ID Hatch.

„Мојот одговор е многу јасен. Да, ќе одиме во Ц-сегментот, и тоа со поголема батерија. Треба да го најдеме вистинскиот момент за да бидеме сигурни дека имаме конкурентна понуда“, изјави Ерик Феунтун, глобален директор на електричната програма на Renault.

Renault со нов електричен компактен автомобил

Компактниот електрик не се очекува да пристигне до 2022 година. Тој ќе биде заснован на посебната електрична платформа, која ќе биде споделена со останатите партнери на алијансата, при што треба да понуди вкупен електричен опсег од 402 километри. Благодарение на специјалната архитектура, новиот електричен автомобил од Ц-сегментот ќе располага со навистина пространа внатрешност.

Во поглед на стилскиот изглед, новиот модел може да понесе дел од дизајнерските карактеристики од концептот Symbioz, кој како футуристичка креација беше претставен на саемот во Франкфурт во 2017 година.

Сепак, развојниот процес на новиот автомобил не дозволува Renault да се откаже од малиот Zoe. Всушност, субкомпактниот хечбек ќе добие своја редизајнирана верзија, која најверојатно е на само неколку месеци пред својата премиера.

Поврзани вести

Back to top button