fbpx

Audi AI:Me: нов автономен концепт на германскиот гигант

На само неколку дена пред официјалното деби, Audi објави дизајнерски скици од својот втор автономен концепт, наменет за големите градови

Германскиот прозиводител ги објави првите дизајнерски скици, преку кои делумно нè запозна со својот нов концептен модел. Комапктниот автомобил го носи името AI:Me, а Audi го опишува како шоу-автомобил кој има за цел да ја прикаже визијата на иден автономен компактен автомобил, наменет за густиот сообраќај на големите градови.

Од скиците може да се забележи спортскиот и смел став со кој зрачи новиот хечбек, како и карактеристичното големо предно ветробранско стакло. Препознатливите акценти вклучуваат остра интерпретација на моменталниот стилски јазик на Audi, особено истакнат во предниот крај. Моделот се карактеризира со квадратни лакови на тркалата, додека високиот заден крај потсетува на моделот A2.

Audi AI:me

Концептниот Audi AI:Me ќе биде претставник на развојот на производителот во областа на автономсноста и вештачката интелегенција. Тој претставува втор автономен концепт на Audi, по големиот седан Aicon, претставен во Франкфурт во 2017 година. Официјалната премиера е закажана нa Саемот на автомобили во Шангај кој ќе започне на 15ти април.

Компанијата се бори да го задржи лидерството на кинескиот премиум пазар, каде Mercedes-Benz и BMW се големи ривали. Минатата година Audi продаде повеќе од 663.000 возила во Кина, со што е нешто над Mercedes-Benz кој оствари продажба од 653.000, додека BMW се најде на долниот крај од листата со 640.000 продадени возила, вклучувајќи ги и моделите на Mini.

Извршните директори велат дека раководството на технологијата ќе биде клучен фактор за истакнување на брендот особено во Кина, каде електрификацијата се развива значително побрзо во однос на Европа и САД.

Audi AI:me

Поврзани вести

Back to top button