fbpx

Компактното купе на Ford се враќа во кросовер изведба

По 17 годишна пауза, моделот Puma се враќа во тековната гама на брендот, како негов најнов мал кросовер

Кога ќе помислиме на моделот Ford Puma, прво на памет ни паѓа малото компактно купе кое беше во производство помеѓу 1997 и 2002 година. Мултинационалниот производител реши ова да го промени, па така сега името Puma означува кросовер инспириран од SUV, со акцент на разновидноста.

Од она што може да се забележи од официјалниот тизер, новиот кросовер базиран на Fiesta доаѓа со препознатливите стилски знаци на Ford, како положбата на фаровите, аеродинамичките линии и зголемената висина на возилото. Урбаниот пристап може да се забележи во отсуството на пластичното обложување, типично за еден ваков модел.

Ford Puma

Новата Puma ќе користи и благ хибриден систем, комбинирајќи ја 1,0 литарската три-цилиндерска EcoBoost единица со 48 волтен генератор погонуван од ремен. Погонскиот агрегат го напојува овој кросовер со моќност од 153 КС.

Производството на урбаниот кросовер ќе започне во наредните неколку месеци, во фабриката на Ford во Крајова, Романија, додека на пазарот ќе се појави кон крајот на годината. Се очекува Ford официјално да го претстави својот нов модел во текот на летото.

Поврзани вести

Back to top button