fbpx

Шангај 2019: Nissan со нов седан

Nissan објави дека за време на меѓународниот саем во Шангај ќе го претстави за прв пат во светот целосно новиот седан, како и двете футуристички електрифицирани концепти IMs и IMQ

Во моментов, од Nissan не навлегуваат во детали за новиот седан, туку коментираат дека ќе ги демонстрираат последните достигнувања на марката во однос на дизајнот, како и сет технолошки решенија и системи, следејќи ја идеологијата Nissan Intelligent Mobility на компанијата.

На штандот на Nissan на салонот во Шангај ќе биде претставено исто така целосното портфолио на брендот, вклучувајќи ги Lannia и Tiida, суперспортскиот GT-R, 100% електричниот LEAF, како и SUV моделите Kicks, Murano, Patrol, Qashqai, Terra и X -Trail.

Поврзани вести

Back to top button