fbpx

Citroën пристигнува во Индија

Како дел од проширувањето на глобалниот пазар, францускиот бренд ќе ја започне својата офанзива на индискиот пазар од 2020 година

За време на прес-конференцијата во Ченаи, јужна Индија, генералниот директор на Citroën, Линда Џексон официјално го објави пласирањето на брендот на индискиот пазар. Ова е голем чекор во стратегијата за интернационализација на брендот, која исто така вклучува и воведување на голем број нови модели.

Како втора најнаселена земја во светот, со 1,3 милијарди жители, Индија е со одличен потенцијал во однос на автомобилската индустрија. Со моментална стапка на сопственост од само 40 автомобили на 1.000 жители и средна класа која треба да порасне за 75% до 2025 година, просечниот раст на пазарот на патнички возила во следните години се проценува на 8% годишно, односно од 3,3 милиони единици во 2018, до над 6 милиони до 2025 година. Така, од 2020 година Индија треба да биде третиот најголем глобален автомобилски пазар, веднаш зад Кина и САД.

За да одговори на овој предизвик, Citroën ќе издаде низа нови модели со меѓународен опсег за прв пат во Индија, каде првиот ваков модел ќе биде претставен до крајот на 2021 година. Во согласност со основната стратегија на PSA групацијата, овие модели ќе ги следат нејзините принципи, како едно лансирање на годишно ниво.

Citroën

Програмата за позиционирање на брендот се нарекува „C Cubed“ и е насочена кон три главни карактеристики: Кул – во однос на дизајнот на моделите, со уникатен карактер на Citroën; Удобност – насочена кон клиентите, со цел обезбедување зголемен комфор и олеснетото користење; Паметен – во врска со интелигентната концепција и високото ниво на локална интеграција, со цел совршено да се задоволат потребите на пазарот.

Со цел да се издигне во веќе високо конкурентниот пазар на автомобили, францускиот производител ќе понуди силна и диференцирачка листа на производи, со уникатен дизајн и репер за удобност при користење, кои креираат висока вредност за клиентите.

Позиционирањето на цените во централниот пазар на Индија, ќе се изврши со користење на стратегија со високо ниво на локална интеграција (над 90%) врз основа на двата договора за заедничко вложување помеѓу PSA групацијата и компаниите на CK Birla Group, групација за склопување и дистрибуција на автомобили и производство на електрични возови.

Пред лансирањето на новите модели, Citroën ќе ја започне својата офанзива на индискиот пазар од 2020 година, дебитирајќи со предводникот во својот асортиман, новиот C5 Aircross SUV.

Citroën

Поврзани вести

Back to top button