Новиот 300 коњски Mini со ограничено производство
Со ограничено производство од само 3000 единици, новиот Mini JCW GP доаѓа во моќна 300 коњска изведба
Британскиот производител го развива врвот на „John Cooper Works GP“ опсегот со новата моќна изведба на жешкиот хечбек. Новиот 2020 Mini JCW GP воедно ќе претставува најмоќниот и најбрзиот модел на компанијата, благодарение на 2,0 литарскиот турбо мотор, кој испорачува моќност од над 300 коњски сили. Производството на овој модел ќе биде ограничено на само 3000 примероци.
Забележаниот модел е во прилично несекојдневно камуфлажно издание, кое со својата едноставност ги издава речиси сите надворешни детали, вклучувајќи го и драматичниот спојлер на покривот, како и проширените делови над тркалата, кои исто така имаат дејство на аеродинамички елементи.
Новиот Mini JCW GP има навистина агресивен и робусен изглед, а кон ова придонесуваат и измените во останатите надворешни делови, каде се вбројува длабокиот спојлер на предниот браник, модифицираната предна решетка и поголемите цевки на издувниот систем.
Со цел да соодветствува на перформансите, новиот модел добива преработен систем за потпирање, поголеми сопирачки, статични гуми и подолга предна и задна оска. Со цел да ја намали тежината на автомобилот, Mini може да користи и лесни материјали, како јаглеродни влакна, а со отстранувањето на задната клупа може дополнително да се олесни возилото.
Компанијата уште минатата година објави тизер фотки од новиот JCW GP, а со тековните тестови на јавните патишта и со слабото присуство на камулажно прекривање, може да се претпостави дека се приближува премиерата на овој модел. Продажбата на новиот Mini се очекува да започне кон крајот на 2019 година.