Кристијано Роналдо зад воланот на Bugatti Chiron
Супер ѕвездата на Реал (М) може да се пофали со својата нова аквизиција
Супер ѕвездата на Реал (М) може да се пофали со својата нова аквизиција. Кристијано Роналдо сега е сопственик на уште еден супер модел, нов Bugatti Chiron. Тој објави фотки и видео на Instagram.
Ова е втор модел во флотата на напаѓачот на „кралскиот клуб“ во последните неколку дена. Откако неодман купи и Ferrari F12 tdf. Во колекцијата на Роналдо има уште Koenigsegg CCX 11 Bugatti Veyron, Lamborghini Aventador, Porsche 911 Turbo S, Ferrari 599 GTO и Rolls-Royce Ghost. „Новиот ѕвер во куќата”, напиша Португалецот на постот социјалната мрежа, а на радост на фановите веднаш седна зад воланот на возилото.
Кристијано Роналдо
Неговиот Bugatti Chiron е опремен со 8.0 W16 мотор кој развива 1.500 коњски сили и вртежен момент од 1600 Nm. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 2,5 секунди, а максималната брзина е 420 km/h :)