fbpx

Претставен новиот Range Rover Evoque

Комплетно новиот, луксузен и компактен SUV, Range Rover Evoque вчеравечер премиерно беше претставен во Скопје

Во урбана, модерна атмосфера, пред широк аудиториум, вљубеници во британската премиум марка и пријатели на „Аутомобили Груп“, вниманието на гостите беше комплетно задржано на сцената со најновата креација од Land Rover.

Новиот Range Rover Evoque го постави Скопје рамо до рамо со светските метрополи и ги освои присутните. Во чекор со новото време, дизајниран е да ја задржи својата доминација со нова технологија и технички иновации кои првпат се вградуваат во SUV сегментоти асоцираат на поголемите модели од гамата на Range Rover.

Range Rover Evoque

Создаден е за да се вртат по него, со префинетост и софистицираност што досега не се видени кај луксузен компактен SUV. Со раскошни природни материјали вовнатрешностa на кабината, дизајнот ја следи стратегијата на редукција и смиреност.

Новиот Evoque, како и сите возила на Land Rover, е создаден да одговори на мотото – Above and Beyond – да се биде над сè во сѐ и повеќе од тоа, да се оди подалеку. Во официјалниот дел од програмата на присутните гости им се обрати врвниот менаџмент од компанијата за да ги претстави деталите за овој урбан SUV, кој со својот стил го обзеде и нашиот град.

За повеќе информации за новиот Range Rover Evoqueпосетете го салонoт на „Аутомобили Груп“ или страницата macedonia.landrover.com

Поврзани вести

Back to top button