fbpx

Првиот Twingo Cup во Македонија

Во петтата сезона на Twingo CUP Eurocup ќе учествува и Македонија

Првото возење на моделите од страна на натпреварувачите се одржа во Серес, Грција. Покрај натпреварувачите моделите беа претставени и пред медиумите од страна на Renault Sport како организатор и официјални претставници на LEMA RACING TEAM. Во натпреварувачкиот куп моделите Renault Twingo се унифицирани и специјално модифицирани од страна на Lema Racing Team со цел да ги има сите безбедносни и брзински карактеристики.

Renault Twingo 3 AHB 005 е основното возило кое беше преработено со делови како што се:Sparco roll cage, седиште наменето за тркање, сигурносни ремени, специјален систем за гасење на пожар, волан, педали, и заштитна мрежа од истиот производител; амортизација од Eibach со посебно штелување на геометријата на тркалата; пневматици во полуслик изведба од Nankang со Sparco алуминиумски фелни; AIM инструмент табла и останати аеродинамички промени.

Twingo Cup

За овој куп планирани се 8 трки (4 кружни и 4 ридскобрдски) во текот на наредните три години согласно официјалниот распоред на Автомобилистичката федерација кој ќе биде дополнително објавен. На крајот од секоја сезона победниците односно за првите три места се одвоени парични награди додека пак на крајот од третата сезона како главна награда на купот е 100% електричното возило Renault TWIZY.

Поврзани вести

Back to top button