Шангај 2019: Aston Martin почна со нарачки за електричниот Rapide E
Aston Martin објави дека компанијата веќе прима барања за купување на првиот во историјата на легендарната марка целосно електричен автомобил Rapide E
Автомобилот дебитира во предпроизводствена верзија за време на меѓународниот саем во Шангај и ќе биде произведен во лимитирана серија од само 155 примероци. Aston Martin Rapide E, кој е развиен во соработка со еден од лидерите во областа на дизајнот и производството на електрични погонски системи Williams Advanced Engineering (WAE), е опремен со литиум-јонски батерии со капацитет од 65 kWh.
Во комбинација со два електромотори, позиционирани во задниот дел на кабината, Aston Martin Rapide E ветува моќност од 610 коњски сили и вртежен момент од 950 Nm, автономија од над 320 километри и максимална брзина на движење од 250 km/h.
Електричниот Aston Martin Rapide E, за кој сеуште не е позната цената, ќе биде во можност да се забрза од 0 до 100 km/h за под 4 секунди, а за забрзувањето од 80 до 110 km/h ќе бидат потребни само 1,5 секунди.