Шангај 2019: Светска премиера за Peugeot 508L PHEV
Откако на крајот на минатата година Peugeot го претстави специјално развиениот за кинескиот автомобилски пазар - 508L, француската марка го користи меѓународниот саем во Шангај, за да демонстрира пред светот за прв пат негова plug-in модификација 508L PHEV
Новиот 508L PHEV е уште еден чекор кој го прави Peugeot следејќи ја стратегијата за електрификација на моделот и портфолиото, но за жал од француската марка не споделија детали за својот нов електрифициран автомобил.
Peugeot 508L дебитираше со продолжени димензии за 55 mm кај меѓуоскиното растојание, а самата должина на автомобилот е зголемена за 10 сантиметри. Покрај овие значителни зголемувања во димензиите на возилото, Peugeot 508L се разликува и по уште една значајна карактеристика од европската верзија.
Ексклузивата за кинескиот пазар доаѓа со врати со класични рамки, додека кај европската такви недостасуваат и се еден од најзначајните белези на возилото. На штандот на Peugeot на меѓународниот саем во Шангај се демонстрирани исто така моделите 4008 и 5008, 508L, 308 и 408.