Honda Civic Type R во оригинална големина од LEGO
Австралиската поделба на LEGO откри детали за моделот Civic Type R во оригинална големина направен од LEGO коцки
За оваа работа биле потребни повеќе од 1.300 часа и девет лица. Вкупниот број на коцки што се користат за да се направи Honda Civic Type R е над 320.000, а неговата тежина е нешто над 1300 килограми или еквивалентна на нормалната верзија на спортски автомобил.
Honda објавуви дека LEGO верзијата на овој автомобил располага со целосно функционални фарови, светла за магла и задни светла и тие се управуваат со апликација за мобилни уреди.
Civic Type R располага со дволитарски VTEC турбо мотор со максимална моќност од 320 коњски сили и максимален вртежен момент од 400 Nm во комбинација со шестстепен рачен менувач. Возачот има избор помеѓу три режими на работа – Comfort, Sport и + R.