fbpx

Освежување за Chevrolet Camaro

Chevrolet сподели информации за промените кои ќе ги има оваа година со лансирањето на верзијата за 2020 година на моделот Camaro

Главните промени кај Camaro 2020 се поврзани со целокупната промена во дизајнот на предниот дел на спортската верзија SS, новата V8 модификација и додавањето на 10-брзински автоматски менувач.

„Клиентите ги истакнаа желбите, а ние ги слушаме“, коментира Стив Маджорос, маркетинг директор на единицата за лесни и кросовер автомобили на Chevrolet. Своите желби, клентите ги истакнаа за изложбениот експонат Camaro Shock, кој дебитираше на саемот SEMA, а го најави Camaro 2020.

Camaro

При воведувањето на пазарот, Camaro LT1 ќе се нуди во верзија купе и кабриолет, со избор меѓу шест-брзински мануелен или 10-брзински автоматски менувач, 20-инчни бандажи, тематски дизајн на елементи од надворешноста, луксузно аудио BOSE, можност за нарачување на дополнителен заден спојлер, црвен или портокалов систем за сопирање, Recaro спортски седишта и многу повеќе.

Поврзани вести

Back to top button