fbpx

Toyota инвестира 374 милиони за хибриди во САД

Компанијата Toyota објави дека ќе инвестира во проширување на производството на хибридни погонски системи

Автомобилската корпорација Toyota објави дека ќе инвестира 373,8 милиони долари во своите фабрики во САД, за да се прошири производството на хибридни погонски системи. Главната причина за овој потег се покажа високата побарувачка на SUV-моделот Highlander Hybrid.

Toyota Kentucky
Toyota Kentucky
Поделба на инвестицијата

Средствата ќе бидат инвестирани главно во две фабрики за да се обезбеди потребната опрема за проширување на производството. Фабриката за мотори во Кентаки, каде се составува 3,5- литарскиот мотор за Highlander, ќе добие 121 милиони долари. Додека фабриката за преноси во Западна Вирџинија – 115 милиони долари. Компанијата, исто така, ќе додели 106 милиони долари за својата фабрика во Алабама. Други 17 и 14,5 милиони пак ќе бидат инвестирани во фабриките за алуминиумски делови на Тенеси и Мисури.

Во моментов Toyota заработува околу 4 милијарди долари од претпријатијата во САД, па инвестицијата е целосно логично.

Јапонците се најголемиот производител на хибридни автомобили во светот, а нивниот број веќе надмина 10 милиони. Од нив над 3 милиони се продадени во САД, а целта на Toyota е производството да биде побрзо за да клиентите чекаат пократко време за испорака.

Поврзани вести

Back to top button