Mercedes-Benz ја започнува продажбата на EQC
Со производство во фабриката во Бремен, германскиот бренд ја започнува продажбата на својот целосно електричен SUV модел
Германскиот производител изјави дека официјално започнува со производството на својот нов целосно електричен SUV, моделот EQC.
„Со Mercedes-Benz EQC, влегуваме во нова ера на мобилност. Тој е дел од растечкото семејство на сите електрични возила на Mercedes-Benz и ги комбинира специфичните карактеристики на брендот, како што се квалитетот, безбедноста и удобноста. На нашите клиенти им нудиме прогресивен дизајн и уникатен комфор на возењето, пропратен со опсег кој е апсолутно погоден за секојдневна употреба“, изјави Бритта Сигер, одговорен за продажба на автомобили на Mercedes-Benz.
Првиот EQC ќе ја напушти производната линија во фабриката на Mercedes-Benz во Бремен, каде исто така се произведува и C-Класата, како и GLC и GLC Coupé. Додека производството започнува сега, првите испораки се очекува да почнат веќе следниот месец.
„Флексибилноста и ефикасноста се одлучувачки столбови на стратегијата во нашата глобална производствена мрежа“, изјави Маркус Шефер, член на одделот за автомобили, производство и снабдување. Тој додаде дека производството на EQC е совршен доказ за ова, а вработените во Бремен имаат долгогодишно искуство во производството на возила со широк спектар на погонски типови.
Компанијата објави возен опсег од 450 километри без користење на NEDC стандардот, така што реалениот возен опсег од околу 320 километри не би нé изненадил. Батерискиот пакет на EQC ќе биде напојуван од два асинхрони мотори со вкупен капацитет од 300 kW, односно 408 КС. Ова му овозможува достигнување на максимална брзина од 180 километри на час, со забрзување до 100 за 5,1 секунди.