Се подготвува следната генерација на Opel Corsa
Шестата генерација на Opel Corsa се подготвува за промоција оваа есен
Новата генерација на моделот Opel Corsa поминува низ финалните тестирања на патеките во тест центарот Дуденхофен, додека лабораториските испитувања се случуваат во објектите во Риселсхајм.
„За време на развојот на следната генерација Corsa, ние ставивме посебно значење за зголемување на ефикасноста“, рече Томас Ванке, главен инженер за глобален развој и ефикасност на возилата, кој по четврти пат работи на новата генерација на Corsa. „Новиот модел е значително полесен, што ја намалува потрошувачката на гориво и исто така го зголемува забавниот фактор. Како и со претходните генерации на кои работев, шасијата што во моментов ја дотеруваме беше развиена на сите видови европски патишта, вклучувајќи го и брзиот германски автобан. Нашата цел е јасно да го понудиме најдоброто на купувачот со оптимална рамнотежа помеѓу безбедноста, удобноста и забавата”.
Инаку од 1982 година до сега Opel Corsa е продадена во повеќе од 13,6 милиони примероци. Новата генерација е за десет проценти полесен од неговиот претходник, подинамичен, а за прв пат овој модел ќе се понуди и како електрично возило. Овој модел ќе обезбеди високо ниво на безбедност, удобност и динамика на возење, поради усовршувањето на шасијата.
„Ние го ставаме највисокото значење за контрола на шасијата”, рече Ванке. „На пример, секој Opel мора да даде цврсто, прецизно возење на повлажните површини при брзините на автопат. Автомобилот никогаш не смее да се чувствува премногу меко. Новата Corsa импресионира во овој поглед.”
Opel Corsa располага со напредна опрема како ESP сигурносни уреди бројни системи за помош како матрични фарови и инфозабавен систем. Отпорноста на електронските системи на автомобилот против електромагнетните емисии се тестирани во лабораторијата во Риселсхајм. Сите овие тестови покажаа дека новата генерација на бестселерот Opel Corsa е подготвен за продажба.