fbpx

Bentley со специјална едиција на Continental GT

Дизајниран со помош на Mulliner, ограничениот модел претставува кабрио едиција инспирирана од баварскиот регион, која доаѓа во само еден примерок

Познат како создавач на луксуз на тркала, Mulliner потекнува од времето пред автомобилската ера, каде уште во 1500-тите бил произведувач на луксузни кочии. Пред речиси еден век, Bentley се најде во рацете на Mulliner, а сега тие заедно ја изработија ограничената верзија на популарниот модел Continental GT Convertible.

Инспириран од баварскиот регион, новата ограничена едиција го носи името Bentley Continental GT Convertible Bavaria Edition. Новиот кабриолет е креација на Стефан Силаф, шеф на оделот за дизајн на Bentley, кој преку овој модел тој му оддава почит на планинскиот германски регион.

Bentley

Тематсиот стил на моделот се базира на бела и сина боја, нијансите на баварското знаме, каде екстериерот е во Glacier бела боја, пропратен со контрастен Imperial син кров. Овој тренд го прати и ентериерот, со бело-синиот контрастен шив, како и Mulliner Glacier белата централна табла. Напред, ќе ја најдете истата карирана шема како и на баварското знаме, која продолжува на потпирачите за глава и хромираните плочи. Како и останатите Bentley модели со Mulliner спецификации, Continental GT Convertible Bavaria Edition е опремен со хромирани предни светлосни уреди и 22-инчни Mulliner фелни.

Што се однесува до погонската единица, W12 моторот кај оваа едиција нема претрпено никакви перформансни промени, па така спринтот до 100 останува непроменет за 3,8 секунди, како и максималната брзина од 333 километри на час.

Ограниченото издание се состои од само еден примерок, кое официјално ќе биде претставен на ексклузивен настан во Минхен.

Поврзани вести

Back to top button